ФОТО I Стравично откритие: Масовна гробница со женски тела откриена во двор на поранешен полицаец

epa09217666 Forensic teams, members of the Attorney General's Office, and police officers work during a search for human remains at the house of former police officer Hugo Ernesto Osorio, who is being investigated for homicide, in Chalchuapa, northwest of San Salvador, El Salvador, 20 May 2021 (issued 21 May 2021). EPA-EFE/RODRIGO SURA

Масовна гробница исполнета со десетици женски тела е пронајдена во дворот на поранешен полицаец во Салвадор.

Полицијата, која истражуваше за две жени за кои веруваше дека се жртви на синџир на насилен секс и убиства, дојде до страшно откритие оваа недела, додека го испрашуваше поранешниот полицаец Хуго Ернест Осорио Чавез за двојното убиство на 57-годишна жена и нејзината 26-годишна ќерка. Дејли Бист пишува дека поранешниот полицаец го признал ова злосторство.

ФОТО: EPA-EFE/RODRIGO SURA

Но, кога полицијата влезе во неговиот двор во Халчуапа, околу 80 километри северозападно од главниот град Сан Салвадор, забележаа дека земјата изгледа нерамна и мека. Откриле осум дупки исполнети, веруваат тие, со десетици тела во секоја од нив.

Официјални лица од Салвадор изјавија дека во гробовите ископани во дворот на поранешниот полицаец имало дури 40 тела, за што веруваат повеќето жени, објави порталот Abc.net.au. Досега се ископани остатоци од најмалку 24 лица.

ФОТО: EPA-EFE/RODRIGO SURA

Ексхумацијата на сите тела може да трае еден месец, соопштија властите.

Најмалку десет лица се обвинети, според обвинителството, вклучувајќи го и Чавез (51), чиј дом е на истата локација со гробовите. Фокс Њуз пишува дека Чавез има досие кое веќе содржи обвиненија за сексуални злосторства.

– Тој беше протеран од полицијата во 2005 година, откако призна дека е сексуален предатор кој наоѓа жени на социјалните мрежи и ги мами со ветувања за американскиот сон – соопшти полицијата.

Чавез и уште 10 лица беа уапсени за водење синџир за секс и убиства во кој жртвите беа претежно жени, а можеби и млади мажи.

ФОТО: EPA-EFE/RODRIGO SURA

– Овој психопат е затворен и верувам дека 99 проценти од луѓето кои му помогнаа – рече шефот на полицијата Маурисио Аријас Чикас.

Полицијата посочи дека сексуалното насилство е заедничко за сите жени жртви. Ниту еден од осомничените во притвор не објасни што се крие зад импровизираните гробници за кои се верува дека се стари две или повеќе години.

Во петокот, луѓето кои ги загубија членовите на семејството се собраа пред куќата на Чавез, држејќи ги своите фотографии во надеж дека ќе можат да идентификуваат некои од труповите.

ФОТО: EPA-EFE/RODRIGO SURA

„Има надеж дека ќе препознаеме член на семејство дури и меѓу труповите“, рече Марлен Бариентос, која држеше фотографија од нејзиниот син кој исчезна во 2015 година. „Затоа сум тука“.

АБЦ.нет.ау. наведува дека Јужна Америка има една од највисоките стапки на убиства на жени во светот и дека насилството врз жените се влошило за време на пандемијата на вирусот корона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот