ФОТО | Интервју со Александар Василевски: Успеав во посакуваното, …ДВОРЧЕТО… нуди убавини и уживање за сите членови!

Фото: Приватна архива
Разговараме со исклучителна личност, Александар Василевски, основач и администратор на Фејзбук групата …ДВОРЧЕТО…Што стои зад оваа успешна приказна? Почитувањето на човечките вредности. Доблест која во последно време е запоставена. Ама не и во случајот на дворчето на нашиот соговорник.

Живееш во Демир Хисар, имаш неколку креативни групи активни на социјалните мрежи, а една група отскокнува од останатите, со име … ДВОРЧЕТО … која има скоро 100.000 членови, и со неа докажуваш дека не е важно каде си, туку што човек си и какви идеи имаш. Помислуваше ли некогаш дека со своите идеи ќе дадеш поттик и поддршка на бројни луѓе?

 

приватна архива

– Најпрво благодарност до вас што ја заприметивте групата … ДВОРЧЕТО … која за кратко време, поточно две години и четири месеци откако постои, а веќе сме 98.000 членови. Групата дејствува всушност како еден Фејзбук профил и затоа е толку популарна меѓу членовите кои цело време во неа се чувствуваат како на нивните лични профили.

Кога го преферираш убавото, тогаш секогаш ќе ти се враќа уште поубаво. Кај нас во групата, освен убавини, нема ништо друго, и затоа членството ни се зголемува секојдневно сѐ повеќе и повеќе. Со ... ДВОРЧЕТО … многу членови си добиваат идеи како да си ги разубават дворчињата, како да ги негуваат цвеќињата, како да направат некој украс за нивните дворови, и со еден збор како да си го до разубават секојдневието. Просекот ни е околу 250 до 300 објави дневно, 4.000 до 5.000 коментари и околу 40.000 до 50.000 лајкови.

Исто така, Фејзбук дава преглед и колку има активни дневно, и таа бројка кај нас се движи од 65.000 до 70.000 што е голем просек кој ни дава уште поголем потстрек за ова што го создаваме.

Што најмногу ти се допаѓа тебе, како администратор на групата, во Дворчето?

– Мене лично ми се допаѓа тоа што групата од првиот момент откако ја отворив, па до ден денес, се стреми само кон повисоки дострели, и сега веќе сме неколкумина кои ја контролираме за да напредува што повеќе. Воведовме многу нови рубрики, многу новитети, и буквално сите се прифатени и повеќе од нашите очекувања. … ДВОРЧЕТО … си има и свој Јутјуб канал, си има емисија во живо секоја среда во 21 часот, односно, секоја недела сме и на телевизија Телма во емисија на Гарден Клуб – Градини. Имаме и наградни игри кои ги даваат нашите почитувачи пријатели кои во овој момент се околу 40, и сè уште доаѓаат и нови, и со еден збор, сè што е интересно за групата ние го применуваме.

Имаш ли и ти свое дворче, и како се грижиш за него?

– Дворчето и настана од моето дворче, најпрво со купување тенда, па цвеќиња, па соларни, па украси, и после што ти уште не. Потребно е многу време за одржување, но кога го правиш тоа од ќејф, времето исчезнува, и секогаш успеваш во посакуваното.

приватна архива

Има ли … ДВОРЧЕТО … крајна цел?

– Повеќе не, бидејќи кога имаме 100.000 членови, и кога секој ден…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот