Фото: илустрација / Слободен печат

ФОТО/ВИДЕО | Нова трагедија на улиците – пешак смртно прегазен во Волково

Пешак на возраст од шеесетина година загина во нова трагична сообраќајка што се случи вечерва  во скопската населба Волково.

Според информациите на „Слободен печат“ човекот починал на самото место, а во тек е увидот. За тоа како се случила несреќата, повеќе информации се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.

Трагедијата доаѓа во период кога сообраќајната безбедност повторно е во фокусот на јавноста. Од февруари официјално се очекува старт на проектот „Безбеден град“, кој со години се најавува и моментално се наоѓа во пробна фаза. Целта на проектот е намалување на бројот на сообраќајни несреќи преку автоматско санкционирање на возачите кои ја надминуваат дозволената брзина.

Фото: Слободен печат

По трагичната сообраќајка во која загина младата Фросина Кулакова, казнената политика за сообраќајни несреќи со жртви е значително заострена. Возачот кој ја прегази Кулакова е осуден на 13 години затвор, додека возачот кој го усмрти дедо Југо доби затворска казна од 11 години.

Прашањето за висината и примената на казните повторно се отвори во јавноста, а вчера во Скопје беше одржан и протест поврзан со судските пресуди за сообраќајни несреќи со смртни последици.

Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат

 

Скопјанец со мотор смртно прегазил пешак во населбата Даме Груев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот