ФОТО | Хурем Султан пристигна во Црна Гора, ужива во луксузен ресорт

Фото: Инстаграм

Турската актерка Мерјем Узерли, која нашата публика ја памети како султанката Хурем од серијата „Сулејман Величествениот“, пристигнала во Црна Гора.

Убавата актерка престојува на црногорските плажи во престижното одморалиште во близина на Херцег Нови.

Мерјем на својот профил на Инстаграм објави неколку интересни фотографии од одморот во Портонови, а како што може да се види од приложениот материјал, се чини дека Хурем ужива во магијата на приморскиот град во Црна Гора.

„Здраво, Црна Гора“, напишала актерката во описот на фотографијата.

Убавата русокоса носела долго здолниште и кратка маичка со принт на гепард, кои ги истакнуваат нејзините облини, а во позадина се гледаат луксузниот хотел во кој престојува како и прекрасната морска плажа во далечината.

Фото: Инстаграм

Коментарите на воодушевените следбеници се редат, а многу граѓани на Црна Гора ѝ посакаа топло добредојде во нивната земја.

– „Прекрасна си“, „Те сакам султанка Хурем“, „Најдобрата актерка на светот“, „Добредојдовте во нашата прекрасна земја“ – се само дел од многуте коментари.

Хурем ужива во луксузно одморалиште каде цената на една ноќ се движи од 1.000 евра па нагоре, а нејзините следбеници на социјалните мрежи со нетрпение очекуваат нови фотографии.

Познатата Хурем се појави на насловна на руски магазин, обожавателите гневни: Срам да ти е!

Актерката позната како Хурем Султан сподели фотографии со двете ќерки

Видео на денот