Познатата Хурем се појави на насловна на руски магазин, обожавателите гневни: Срам да ти е!

Мерјем Узерли
Мерјем Узерли / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Популарната турска актерка Мерјем Узерли се појави на насловната страница на руското издание на познатиот магазин „Хелоу“.

Нејзините обожаватели не можеа да го сокријат разочарувањето од овој потег на актерката, особено затоа што улогата со која се прослави е онаа за личност родена во Украина – Хурем султан.

Мерјем неодамна објави серија фотографии направени за руското издание на магазинот „Хелоу“ чија насловна месецов воедно е со нејзиниот лик.

Покрај коментарите од нејзините обожаватели кои ѝ упатија бројни комплименти за изгледот и, како што забележаа, никогаш повитката фигура, на многумина пак не им се допадна фактот што актерката „молчи“ за војната во Украина.

Додека голем број светски ѕвезди неуморно даваат поддршка и собираат донации за земјата која се соочува со руската агресија, Мерјем го фокусираше својот профил на промоција на себеси.

„Појавување во руски магазин не е нешто со што треба да се гордееш во овој момент, напротив, треба да се срамиш. Слава на Украина“, „Додека целиот свет ја поддржува Украина, ти правиш реклама за Русија, срам да ти е“, се дел од коментарите.

Некои од корисниците ѝ посочија на Мерјем дека нејзината „молчење“ кажува сè и дека сега го покажала своето вистинско лице.

„Се прашувам зошто молчиш додека Русија ја бомбардира Украина? Повеќето од твоите обожаватели се Украинци, згора на тоа, играат клучна улога во твојата кариера – бидејќи Хурем султан е родена Украинка. Јас сум од Киев, а мојот град го бомбардираат Русите. Зарем не би било правилно да ја укажеш вистината на твојата публика – руските симпатизери чии мозоци главно се испрани со пропаганда? Ме растажува затоа што мајка на две деца молчи додека Русите ги гранатираат породилиштата во Мариупол“, гласеше друг коментар.

„Но, зошто? Дали парите се поважни од животот на илјадници деца?“, беше друг коментар од корисник од Германија, земјата во која е родена Мерјем.

Инаку, Мерием последниве години се посвети на мајчинството, оставајќи го зад себе турбулентниот период на кој му претходеше ментален колапс. Таа неодамна откри дека ѝ се вратила на својата прва љубов – актерството, а исто така работи на најразлични проекти, промовирајќи модни брендови и слично.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот