Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

ФОТО+ВИДЕО | Хуманост и мода – се очекуваат над 170.000 денари од модната аукција во Скопје

Кога модата ќе ги рашири своите крилја не само како уметност, туку со примат на добробит на задницата, тогаш и ќе ја покаже својата моќ. Тоа се случува и кај нас. „Мода со кауза“ е насловена третата хуманитарна модна аукција во Скопје во рамките на 31. Моден викенд Скопје, во организација на Конект.

Повеќе од 23 ѕвезди од модниот свет, еминентни дизајнери, звучни уметници и занаетчии ја покажаа својата великодушност и донираа парчиња.

„На аукцијата ќе можат да се купат дизајнерски парчиња од етаблираниот македoнски моден дизајнер Никола Булески, уникатен корсет од Никола Ефтимов, коктел-фустан од Лидија Георгиева, венчаница направена од Изет Цури, фустан од Силвија Михајловска, модна креација од брендот ‘Терзија’ (Terziya), мантил-фустан од Олгица Ѓорѓиева, комплет од Катерина Тошева, Билјана Силјановска, макси здолништа на Антонија Гугинска и креации на млади дизајнери од СКАЛА Академија за моден дизјан“, велат организаторите.

Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Покрај познатите дијзанери, учесниците ќе можат да надаваат и за уникатни дизајнерски парчиња, како и прекрасни изработки направени од инклузивни друштва.

„На тивката аукција ќе има дела од Ирина Тошева и согрѓанките со затворска казна во КПД Идризово кои создадоа дела под името ‘Направено во Идризово’ (Мade in Idrizovo), дела на ЕСНАФ – бренд што за занаетчиски техники ги вклучува лицата со попреченост, Буба Солак – вдахновена уметница на креации што носат порака и Маријана Јосифовска, дизајнерка на шапки“, откриваат организаторите за „Слободен печат“.

Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Мода и филантропија

Вкупната комерцијална вредност на дизајните е проценета на 170.000 денари, се очекува аукцијата да ја достигне најмалку оваа сума. Средствата одат за филантропски цели.

„Третата модна аукција е наменета за донации за филантропски фонд во земјава што поддржува граѓански организации. Сите коишто ќе купат нешто од оваа аукција ќе помогнат за заштита на шумите и урбани заедници од пожари, едукација на младите, инвестиција во развој на децата со попреченост со помош на технологија и ја помага првата ‘изнајмувачница’ на помагала за граѓани болни од рак – велат од Конект.
Приматели на донациите се доброволни противпожарни друштва, ИМКА Битола (непрофитна, невладина, нерелигиозна, инклузивна младинска организација ), здружението за асистивна технологија ‘Отворете ги прозорците’ и ‘Палиум’ (здружение за поддршка на Палијативните пациенти и нивните семејства).

Аукцијата е поддржана од Амбасадата на Франција во Скопје.

Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ
Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ
Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ
Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот