Нова колекција на Ирина Тошева: „Џан“ – кога облековната историја оживува и шепоти низ современите силуети
Колекцијата „Џан“ на дизајнерката Ирина Тошева претставува современа интерпретација на ала турка – традиционална ориентална облека од XIX век носена во Македонија. Инспирирана од богатите силуети, рачната изработка и украсните детали како срма, гајтани и фини ткаенини, Тошева ја претвора оваа естетика во современ, одржлив моден јазик. Колекцијата ја истражува облековната историја на регионот, но …

