ФОТО | Холивудските сребрени лисици: Овие актери се позгодни и пошармантни благодарение на седата коса!

Фото: Профимедиа

Порано или подоцна, повеќето луѓе започнуваат да се среќаваат со белите влакна на косата и брадата. Наместо да бегаат од неизбежното, многу холивудски фаци ја прифатија нивната седа коса, а многу од нив имаат буквално сребрена коса и брада која им дава посебен шарм.

Во продолжение погледајте ја листата на познати мажи кои гордо ги носат своите седи влакна…

Џорџ Клуни

Фото: Профимедиа

Тој во 80-тите имаше долга, виткана коса. Терминот „сребрена лисица“ беше практично смислен поради Клуни. Актерот ја прифати својата седа коса на самиот почеток на филмската кариера, и оттогаш седата коса стана негов заштитен знак.

Фото: Профимедиа

Мет Лебланк

Фото: Профимедиа

Како Џои во Пријатели, тој имаше густа и темна коса. Во една прилика тој призна дека започнал да проседува уште во втората сезона, па морале да го фарбаат. По завршувањето на серијата, Мет ја покажа својата сива коса. Како што рече, му здосадило постојаното фарбање.

Фото: Профимедиа

Ричард Гир

Фото: Профимедиа

Тој почна да има седи влакна додека сè уште глумеше во „Убава жена“. Денес, таквата коса е негов заштитен знак и ја носи со гордост.

Фото: Профимедиа

Пирс Броснан

Фото: Профимедиа

Тој е еден од најголемите филмски заводници. Во тоа му помогна улогата на Џејмс Бонд и неговата темна и густа коса. На 66 години, Броснан е уште една холивудска sвезда која докажува дека со годините може да изгледа подобро.

Фото: Профимедиа

Стив Карел

Фото: Профимедиа

Комичарот беше препознатлив по едноставната фризура и кафеавата коса. Со текот на времето, тој созреа и во кариерата и во изгледот. Тој презеде посериозни филмски улоги и започна гордо да носи комбинација од седа брада и коса.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот