ФОТО | Хит приказна од Мелбурн: Ѓоковиќ прекина венчавка и мораше да и исполни желба на трудница

Новак Ѓоковиќ еден ден по триумфот во финалето на Австралија Опен над Данил Медведев, имаше задолжителна фото сесија со шампионскиот пехар и тоа на плажата „Брајтон“ во Мелбурн.

Но, организаторот направи пропуст, за време на фото сесијата со Ѓоковиќ, на плажата „Брајтон“ во тие моменти се одржуваше венчавка.

EPA-EFE/DAVE HUNT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Младенците не беа премногу расположени поради присуството на медиумите, но затоа останатите гости на плажата беа воодушевени од присуството на шампионот на Австралија Опен.

Така една трудница имаше специјална молба за Новак Ѓоковиќ, го замоли да и се потпише на стомакот. Најдобриот светски тенисер, тоа не го одби, напротив со насмевка и ја исполни желбата на бремената жена.

фото: Профимедиа

Ѓоковиќ се откажа од милиони долари за освојување на „Австралија опен“

Големиот критичар му честиташе на Ѓоковиќ: Тој е неверојатен

Пристигнаа резултатите, повредата на Ѓоковиќ е посериозна отколку што се мислеше

Иванишевиќ ги нападна критичарите на Новак: Многу добро знам какви болки имаше Ѓоковиќ

Најубавата приказна по триумфот во Мелбурн, шампионскиот рекет на Новак заврши кај негова школска другарка

Откако загуби во финалето, му упати интересна порака: Новак, сакам да ми бидеш тренер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот