Пристигнаа резултатите, повредата на Ѓоковиќ е посериозна отколку што се мислеше

epa09028953 Novak Djokovic of Serbia poses for photographs while standing in a beach shack on Brighton Beach with the Norman Brookes Challenge Cup following his men's singles finals win against Daniil Medvedev of Russia at the Australian Open grand slam tennis tournament, in Melbourne, Australia, 22 February 2021. EPA-EFE/DAVE HUNT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Новак Ѓоковиќ успеа по деветти пат да триумфира на Австралија Опен иако во првата недела изгледаше дека е многу блиску до одлуката да се повлече од турнирот.

На дуелот од третото коло против Тејлор Фриц, Ѓоковиќ во еден момент се лизна и веднаш се фати за стомачните мускули, изгледаше дека трпи големи болки, а по интервенцијата на лекарите и таблетите против болки, успеа да го совлада Американецот во пет сета и да го продолжи патот кон титулата.

Ѓоковиќ: Скинав мускул во Мелбурн, не знаев дали ќе играм!

До крајот на турнирот, Ѓоковиќ постојано носеше медицински фластери, не тренираше и секој слободен момент го користеше за рехабилитација иако за тоа време беше цел на критики од медиумите дека ја лажира повредата.
Но, само еден ден по историскиот деветти триумф во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ им откри на медиумите дека повредата е посериозна отколку што се претпоставуваше.

ВИДЕО | Австралија Опен: Ѓоковиќ останува крал на Мелбурн

– Дојдов тука директно од снимање со магнетна резонанца и резултатите покажаа дека штетата е поголема. Напукнувањето на мускулот е поголемо, при првото снимање веднаш по дуелот со Фриц, тоа беше 1.7 милиметри, а сега изнесува 25 милиметри. Според зборовите на лекарите, не е ништо сериозно, но не очекува одмор се додека не се залечи повредата на мускулот – изјави Ѓоковиќ.

Најубавата приказна по триумфот во Мелбурн, шампионскиот рекет на Новак заврши кај негова школска другарка

 

Иако не сакаше да зборува за коментарите во кои луѓето се сомневаа во неговата искреност, Ѓоковиќ сепак одлучи да им одговори.
– Има луѓе кои секогаш ќе се сомневаат во тоа што го зборувам или работам, но тоа е во ред. Се помирив со тоа дека не можам секоја личност да ја направам задоволна, но дали тоа ме фрустрира? Нормално, и јас имам емоции како и сите други и не уќивам во тоа кога ме критикуваат и осудуваат. Но, во исто време ја прифаќам реалност дека секој има право на свое мислење – додаде Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ се откажа од милиони долари за освојување на „Австралија опен“

АТП објави листа на која Ѓоковиќ е пред Надал и Федерер

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот