Откако загуби во финалето, му упати интересна порака: Новак, сакам да ми бидеш тренер

epa09027369 Daniil Medvedev of Russia reacts during his Men's singles finals match against Novak Djokovic of Serbia on Day 14 of the Australian Open Grand Slam tennis tournament at Melbourne Park in Melbourne, Australia, 21 February 2021. EPA-EFE/DAVE HUNT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Новак Ѓоковиќ релативно лесно во три сета (7:5,6:2,6:2) и за два часа игра го победи Данил Медведев во финалето на Австралија Опен и дојде до деветтиот треиумф во Мелбурн.

Од друга страна, Медведев кој се смета за еден од предводниците на младите тенисери, загуби и во своето второ грен слем финале, тој беше поразен и на УС Опен од Рафаел Надал пред две години.Сепак, иако загуби, рускиот тенисер беше во добро расположение на средбата со новинарите.

ВИДЕО | Австралија Опен: Ѓоковиќ останува крал на Мелбурн

– Дефинитивно е тешко, не сакам да губам без разлика дали станува збор на дуел од прво коло или во финалето. Не играв на највисоко ниво, но заслуги за тоа има и Новак. Тој беше многу подобар од мене, а доколку повторно играм против Новак во Австралија ќе морам на направам некои работи поинаку, да играм на друг начин. Никогаш не се знае дали ќе успеам да победам, но тоа е животот на еден тенисер – вели Медведев кој направи споредба како е да се игра против Ѓоковиќ и Надал од кого загуби во финалето на УС Опен пред две години.
– Рафа ви дава време да размислувате на теренот но има фантастичен бекенд и форхенд. Мислите дека сте освоиле поен, а тој тогаш ќе изведе некое чудо. Против Ѓоковиќ се обидов да ги „измешам“ работите, но… Ми изледаше како да играме само половина час, а не два часа.

Најубавата приказна по триумфот во Мелбурн, шампионскиот рекет на Новак заврши кај негова школска другарка

Русинот потоа му упати повик на Новак Ѓоковиќ, кога ќе ја заврши кариерата да му биде тренер.
– Тоа е повеќе прашање за него. Новак постојано им помага на голем број тенисери со своите совети. Иако мислам дека има право, да кажеме дека на тренинг кога спарингува со некој кој е 500. на АТП ранг листата и да не му прозбори ниту еден збор, не затоа што е арогантен туку затоа што е најдобар. Но, мислам дека нема да ми биде ментор се додека игра. Но, кога ќе ја заврши кариерата, би сакал тоа да се случи и даљ ми биде тренер бидејќи станува збор за неверојатен тенисер – изјави Медведев.

По неговиот тренер, и Ѓоковиќ им одговори на критичарите: Не бевте фер, но не е прв пат

Ѓоковиќ се откажа од милиони долари за освојување на „Австралија опен“

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот