ВИДЕО: Манчестер сити убедливо го совлада Брајтон, Фил Фоден двоен стрелец

Фил Фоден („Манчестер сити“)/фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Манчестер сити во заостанатиот натпревар од 29 коло во Премиер лигата на гости убедливо со 4:0 го совлада Брајтон.

Сите дилеми околу победникот беа решени уште во текот на првото полувреме, гол серијата ја започна Де Брујне во 17 минута по асистенцијата на Вокер.

Двоен стрелец беше Фоден во 26 и 34 минута од средбата, асистент на вториот погодок беше Силва.

Конечниот епилог го постави Алварез во 62 минута, а Вокер ја запиша и својата втора асистенција.

На табелата „граѓаните“ се на втората позиција со 76 бодови со еден бод помалку од водечкиот Арсенал, со напомена дека играчите на Пеп Гвардиола имаат и еден меч помалку.

Сега на третото место е Ливерпул со 74 бодови, додека Брајтон после 11 пораз сезонава е на 11 позиција со 44 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот