ФОТО | Хит на социјалните мрежи: Роналдо повторно ги излакира ноктите

Фото: francisngannou/Instagram

Кристијано Роналдо вчера дебитираше за Ал Наср, меѓутоа Португалецот во центарот на вниманието се најде и поради фотографијата која ја објави со УФЦ борецот Франсис Нганоу.

Нема дилеми дека станува за две легенди во своите спортови, меѓутоа Роналдо посебно внимание привлече со еден детал. Дел од фановите забележаа дека ноктите на Португалецот се лакирани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francis Ngannou (@francisngannou)

Не е првпат Роналдо да биде забележан со лакирани нокти. Во ваква ситуација Португалецот беше фотографиран во неговиот прв мандат во Манчестер Јунајтед во 2010 година додека се опушташе на одмор во Њујорк, како и во 2016 година додека уживаше во Мајами.

Фото: Архива

Засега Роналдо не се огласил на оваа тема и не објаснил зошто ги лакира своите нокти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот