ФОТО | Хилари Даф е бремена: Ѕвездата на „Дизни“ го очекува четвртото дете на 38 години

Фото: Инстаграм/Хилари Даф

Американската актерка Хилари Даф (38) повторно ќе стане мајка. Имено, таа објави дека го очекува своето четврто бебе, а трето со сопругот Метју Кома (36).

Поранешната ѕвезда на „Дизни“ сподели празнична фотографија од нејзиното семејство, на која таа и сопругот позираат со трите деца.

На фотографијата, Даф го допира нејзиниот труднички стомак и има шокирана експресија, додека четиригодишната ќерка Бенкс виси од гребените на креветот, а двегодишната ќерка Меј седи на земја со гитара. Синот Лука (11) седи во фотелја, држејќи контролер за видео игри, а сопругот на Даф седи на креветот.

„Изненадување, изненадување“, напиша Даф во описот.

Фото: Инстаграм/Хилари Даф

И среќниот татко ја објави веста на својот инстаграм-профил.

„Бебето број 4 пристигнува…“, напиша тој во описот на семејната фотографија.

Фото: Инстаграм/Метју Кома

Како потсетување, Хилари Даф и Метју Кома се запознаа во 2015 година, кога соработуваа на нејзиниот петти студиски албум „Breathe In. Breathe Out“.

Оттогаш, тие се состануваа со прекини, а својата врска ја официјализираа во 2017 година, на доделувањето на наградите на Здружението на актери. Двојката стапи во брак во 2019 година.

Двојката ги има ќерките Бенкс и Меј, а Даф го има и синот Лука од претходниот брак со Мајк Комри.

Некои поради вера, други поради љубов: Познати личности кои немале секс сѐ до првата брачна ноќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот