Некои поради вера, други поради љубов: Познати личности кои немале секс сѐ до првата брачна ноќ

Фото: Profimedia/EPA

Можеби ќе се изненадите, но Холивуд е место каде што некои познати личности претпочитаат да апстинираат од сексуални односи. Барем до првата брачна ноќ.

Манекенките Адријана Лима и Миранда Кер и пејачките Џесика Симпсон и Кери Андервуд се само дел од нив.

Ивон Орџи

Иако сними голем број страсни секс сцени во серијата „Несигурна“ („Insecure“), 39-годишната актерка Ивон Орџи неодамна потврди дека сѐ уште е девица.

Додека зборуваше на оваа тема во поткастот на Челзи Хендлер, таа откри дека планира да биде во целибат сѐ до нејзината прва брачна ноќ.

Водителката додала дека да се „помолат“ за нејзиниот иден сопруг, бидејќи во неа има „многу енергија“.

Ивон имала 33 години кога за „Пипл“ изјавила дека планира да се воздржи од секс додека не го каже судбоносното „да“.

Ивон Орџи / Фото: EPA

Адријана Лима

И познатата манекенка се чувала до брак, а се омажила на 27 години.

„Сексот е нешто што треба да се практикува во брак. Мажите мора да го почитуваат мојот избор. Ако не го почитуваат, тоа значи дека не ме сакаат“, изјави таа своевремено.

Лима го запозна српскиот кошаркар Марко Јариќ во 2006 година, а две години подоцна се верија. Манекенката се омажи на 27-годишна возраст, на Денот на вљубените. Лима и Јариќ добија две ќерки, а се разведоа во 2016 година.

Во моментов, Лима е во врска со Андре Лемерс, со кого минатата година го доби синот Сијан.

Адријана Лима и Марко Јариќ / Фото: Profimedia

Сиара и Расел Вилсон

Откако се запознале на кошаркарски натпревар во 2015 година, Сиара и Расел Вилсон решиле да бидат во целибат за да „изградат посилна врска“.

„Навистина верувам дека кога се фокусирате на пријателството, имате можност да изградите цврста основа за квалитетна врска. Штом ќе сфатите дека сте навистина одлични пријатели и дека споделувате исти вредности – тоа значи многу“, изјави пејачката за „Пипл“.

Во 2016 година, таа призна дека им било тешко да се воздржат од секс до свадбата.

„Нема да лажам. И јас сум човек и не беше лесно. Особено кога го гледам и мислам дека е најубавото нешто што сум го видела“, признала таа за „Космополитен“.

Поради оваа одлука, тие се препуштале само на прегратки и бакнежи пред да стапат во брак.

Пред него, Сиара беше свршена со раперот Фјучр, со кого има син.

Сиара и Расел Вилсон / Фото: EPA

Џесика Симпсон

Џесика Симпсон детално ја опиша својата одлука за да апстинира од секс сѐ до првата брачна ноќ во нејзините мемоари „Отворена книга“ (2020).

И покрај нејзината посветеност да остане верна на својата одлука, таа откри дека врската со Ник Лаше ѝ била вистински тест. Нејзиниот татко, пасторот Џо Симпсон, ѝ подарил прстен за невиност кога таа имала 12 години.

„Ник ме прегрна и мислев дека горам. Морав да го оттурнам, не затоа што не му верував, туку затоа што бев на работ да попуштам“, признала Симпсон, која денес е мајка на три деца.

Сепак, таа го пофали Лаше што останал „трпелив“ и ѝ препуштил да одлучи за темпото со кое ќе се развива нивната врска. Барем кога станува збор за сексуалните односи.

Сепак, прашањата за невиноста при секое нејзино појавување во медиумите станале „многу фрустрирачки“ за неа.

„Секси девица и трпелив, но сепак разбирлив, убав принц… Ник го сакаше фактот што бев толку силна во мојата вера“.

Тие биле првпат биле интимни за време на нивната прва брачна ноќ.

„Мислев дека првиот секс со мојот сопруг ќе биде трансцендентно искуство каде што небото ќе се раздели. Она што тогаш не го знаев е дека првиот пат на сите им е непријатен, а тоа е само дел од тоа. И тоа е во ред, но во тоа време беше тешко да се разбере“, рече таа.

Тие се разведоа во 2006 година, а таа сега е во брак со Ерик Џонсон.

Фото: EPA

Џастин и Хејли Бибер

Во интервју за Вог во 2019 година, пејачот Џастин Бибер откри дека се воздржувал од секс до неговата венчавка со Хејли .

„Бог не бара од нас да немаме секс поради него и поради тоа што тој сака правила и слично. Тој вели: „Се обидувам да те заштитам од повреда и од болка“.

Мислам дека сексот може да предизвика многу болка. Понекогаш луѓето имаат секс затоа што не се чувствуваат доволно добро. Затоа што им недостига самопочит. Жените често го прават тоа, а и момците.

Сакав да му се посветам на Бога на тој начин затоа што навистина чувствував дека е многу подобро за мојата душа. И верувам дека Бог ме благослови со Хејли како резултат. Има поволности. Добиваш награда за доброто однесување“, изјави пејачот.

Џастин и Хејли Бибер / Фото: Profimedia

Миранда Кер и Еван Шпигел

Миранда Кер е една од најубавите жени во светот, која беше во брак со актерот Орландо Блум од 2010 до 2013 година.

Сепак, кога го запознала основачот на „Снепчет“, Еван Спигел, таа одлучила да апстинира од секс сѐ до стапувањето во брак.

„Ништо пред брак. Еван е многу традиционален. Не можеме… Мислам, ние само – чекаме“, изјави таа за „Лондон тајмс“.

Тие стапија во брак во 2017 година, кога манекенката имаше 33 години, а бизнисменот – 26.

Еван Шпигел и Миранда Кер / Фото: Profimedia

Мараја Кери и Ник Канон

Иако претходно биле сексуално активни, Мараја Кери и нејзиниот поранешен сопруг Ник Кенон решиле да „се чуваат“ до брак.

„Имаме слични верувања и мислев дека ќе биде многу поспецијално ако чекаме до брак“, изјавила пејачката во една прилика.

Кери ја изгубила невиноста во 1993 година, кога имала 24 години и се омажила за Томи Мотола, кој тогаш имал 45 години. Во интервју за „Космополитен“ во 2019 година, таа изјави дека во животот имала само пет партнери со кои спиела.

Мајара Кери и Ник Канон
Мајара Кери и Ник Канон / Фото: EPA

Кери Андервуд

И Кери одлучила да остане девица до брак. На крајот се омажила за Мајк Фишер, а на свадбата имало 250 гости.

Зборувајќи за врската со кантри пејачката, пензионираниот хокеар рече дека тие се „духовно на исто ниво и дека се разбираат“.

„Тоа е голем дел од нашиот брак“, истакнал тој.

Кери Андервуд и Мајк Фишер / Фото: EPA

Хилари Даф

Пред да се омажи за својот прв сопруг Мајк Комри во 2010 година, Хилари Даф практикувала апстиненција од секс.

„Дефинитивно, невиноста е нешто што го сакам кај себе. Тоа не значи дека не сум размислувала за секс. Сите што ги познавам го направиле тоа и сакате да се вклопите“, изјави таа за „Ел“ во 2006 година.

„Но, кога другите зборуваат за тоа, мене не ми делува како нешто посебно. Едноставно, изгледа како сите да спиеле еден со друг“, додаде таа.

Таа и Комри се разделија во 2016 година. Актерката сега е во среќен брак со Метју Ком.

Хилари Даф и Мајк Комри / Фото: Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот