ФОТО | Хали Бери повторно се пофали со својот изглед на социјалните мрежи: „Вака изгледаат 59 години“
Американската актерка Хали Бери се пофали со својот изглед на социјалните мрежи. Во описот на фотографијата овјавена на платформата Икс, а на која позира во златен дводелен костим за капење, Бери порача:
Препорачано
„Вака изгледаат 59 години.“
На главата носеше марама и очила за сонце, а комбинацијата за плажа ја надополни со повеќе парчиња накит.
Бери, која е на прагот на шестата деценија изгледа неверојатно младолико, често нагласува дека за нејзиниот изглед не е заслужна само генетиката, туку и дисциплинираниот начин на живот.
this is 59. 🤍 pic.twitter.com/Th1NQz1I9c
— Halle Berry (@halleberry) October 15, 2025
Поради дијабетес тип 1, Хали веќе со години следи кето диета начин на исхрана со малку јаглехидрати, но богат со здрави масти и протеини.
Исто така, избегнува алкохол и вештачки шеќери, што значително придонесува за здрава кожа и стабилно ниво на енергија.
Бери вежба речиси секојдневно, а нејзините тренинзи се сè освен рутина. Во соработка со личниот тренер Питер Ли Томас, практикува HIIT (интервални тренинзи со висок интензитет), тренинзи за сила, ММА и боречки вештини, како и јога и истегнување.


