ФОТО | Хали Бери целосно гола на тераса, со чаша вино порачува…

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Холивудската актерка Хали Бери (56) отсекогаш пленела со својот изглед, а изгледа дека ништо не се сменило ниту сега. Атрактивната актерка привлече големо внимание со нејзината последна објава на Инстаграм, каде буквално целосно се разголи. Обожавателите се воодушевени од фотографијата на која убавата актерка потполно гола пие вино на балконот.

Хали не се плаши да го покаже своето тело, па сите ја фалат поради храброста.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

„Го правам она што сакам да го правам. Среќна недела“, напиша актерката покрај провокативната фотографија, на воодушевување на многумина.

Следуваа многубројни комплименти, како за изгледот, така и за храброста, а некои од нив беа и многу духовити.

„Ова го ставам на мојот ‘vision board’ за да ме инспирира за иднината.“
„Во право си Хали, напорно работеше за да бидеш на таа позиција да правиш што сакаш. Биди своја јасно и гласно“, се само некои од коментарите.

Хали често зборува и покажува колку напорно вежба, па јасно е зошто вака изгледа на 56-годишна возраст.

„Се чувствувам и изгледам помладо затоа што сакам да поминувам што повеќе време со моите деца. Сакам да го видам раѓањето на моите внуци и да ги гледам како растат“, рече неодамна Хали во едно интервју.

ВИДЕО | „Закопчи го, затвори го!“, Хали Бери „се бори“ да облече претесен пар фармерки

ФОТО | Виолетови кадрици: Неверојатната трансформација на Хали Бери за која сите зборуваат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот