ФОТО | Виолетови кадрици: Неверојатната трансформација на Хали Бери за која сите зборуваат

хали бери
Фото: Принтскрин / Instagram

Американската актерка Хали Бери, која на 14 август ќе наполни 56 години, дефинитивно може да се пофали дека младешкиот дух сè уште не ја напуштил.

Хали ги изненади своите фанови со храбрата трансформација околу изгледот на нејзината коса. Имено, актерката е позната по постојаното експериментирање со својата фризура, менувањето на должината, бојата како и необичните стилови на потстрижување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Овој пат актерката направи храбра промена и ја бојадиса косата во виолетово, а откако го сподели својот нов изглед на социјалните мрежи коментарите не стивнуваат:

„Изгледаш совршено“, „Секој стил ти прилега одлично“, „Оваа промена е вистинско изненадување“, „Необично“ – се само дел од бројните коментари кои осамнаа под фотографиите на Хали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)


Инаку, оваа актерка во септември минатата година откри дека ужива во љубовта со музичарот Ван Хант, а парот е многу мистериозен кога нивната врска е во прашање. Сепак, тие од време на време објавуваат заеднички фотографии, а фановите ги осипуваат со комплименти дека се створени еден за друг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот