ФОТО | „Гробари“ веќе слават: Миротиќ пристигна на потпис со Партизан

Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Шпанскиот кошаркар со црногорско потекло, Никола Миротиќ пристигна во Белград каде што треба да потпише договор со Партизан.

Миротиќ во претходните денови на големо се поврзуваше со Партизан, а сега познатиот пејач Стефан Цвијовиќ – Цвија се фотографираше со кошаркарот во главниот град на Србија.

Исто така, шпанските медиуми објавија дека Миротиќ го договорил раскинувањето на договорот со Барселона, па така нема да има проблем да потпише договор со Партизан.

Крилниот центар претходните четири години ги помина во Барселона и важи за еден од најдобрите кошаркари во Европа, па дефинитивно Партизан добива големо засилување.

Фото: Инстаграм/Цвија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот