ФОТО | Го срушија Гинисовиот рекорд: Ова се луѓето со најголемa устa, образи, гради и гениталии

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Фејсбук

Без разлика дали се така родени или се работи за хируршки зафати, овие луѓе се горди сопственици на некои од „најголемите“ делови од телото во светот, пишува „Б92“.

Саманта Рамсдел – жената со „најголема уста“

Саманта Рамсдел од Конектикат го држи Гинисовиот рекорд за најголема женска уста во светот. Нејзината уста е широка 6,52 сантиметри.

На Тик-ток, таа има 1,7 милиони следбеници благодарение на нејзината огромна уста. Таа вели дека се чувствува одлично поради фактот што може да ја прослави својата необична предност.

Фото: Фејсбук/ Samantha Ramsdell

Челзи Чармс – жената со „најголемите гради на светот“

Иако е горда на своите гради, оваа Американка тврди дека поради нив има проблеми со јадењето и мора да спие на грб. Исто така, тешко и е да влегува во авионскиот тоалет.

Во интервју рекла дека нејзините гради се 164ХХХ, а поради процедурата што ја направила градите постојано и растат.

Фото: Инстаграм/ Chelsea Charms

Џона Фалкон – човекот со „најголемиот пенис на светот“

Џона Фалкон од Њујорк има пенис од 35 сантиметри кога е во ерекција и вели дека неговите големи гениталии во минатото го довеле во неволја.

Актерот бил на аеродромот во Сан Франциско во 2012 година, кога на обезбедувањето од Управата за безбедност на транспортот им бил сомнителен, плашејќи се дека крие нешто во панталоните.

Фото: Инстаграм/ Jonah Falcon

Анастасија Покрешчук – жената со „најголемите образи на светот“

Анастасија Покрешчук од Украина целосно се трансформирала откако потрошила илјадници евра на пластични операции и филери. На 26-годишна возраст, таа ги инјектирала првите филери за лице, ги зголемила усните и вбризгувала ботокс во челото. Оттогаш престанала да брои колку третмани направила.

Фото: Инстаграм/ Anastasiia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот