ФОТО | Го шокираше светот со својот изглед: Сајмон Кауел непрепознатлив на последните фотографии

Фото: Профимедиа

Британскиот водител, продуцент и бизнисмен Сајмон Кауел, ги шокираше британските медиуми со изгледот на своето лице.

Сајмон го фоторафирале во неговиот автомобил заедно со неговата партнерка Лорен Силверман, кога одел кон својот дом, враќајќи се од настан во петокот, во Лондон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Mirror (@dailymirror)


„Непрепознатливиот Сајмон со неговата партнерка бил на годинешниот бал „Тугедр фор шорт лајвс“ (Together For Short Lives), во Лондон каде собирале пари за младите луѓе чиј живот е загрозен“, пишува Дејли меил, и нагласува дека последните месеци Кауел привлекува доста внимание, токму поради драстичните промени на неговото лице. „Ултрамазната кожа и недостатокот на фацијална експресија“ се резултат на повеќе естетски корекции, пишува „Дејли мејл“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simon Cowell (@simoncowell)


Инаку Сајмон не избегнува јавно да зборува за своите естетски корекции, а уште во 2016 призна дека почнал со третмани, поради тоа што сакал да изгледа помладо. Тој своевремено изјави дека еднаш толку претерал со ботоксот, што неговиот син се уплашил од него, па наводно решил повеќе да не го користи.
Дали си останал на зборот, проценете сами.

Сајмон Кауел призна дека „малку“ претерал со ботокс: Синот не ме препозна, доста е

ВИДЕО | Непрепознатлив: Сајмон Кауел ги загрижи обожавателите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот