ФОТО | „Го мразам ракот“: Сопругот на Серена Вилијамс по операцијата со апел до мажите да одат на редовни прегледи
Сопругот на познатата тенисерка Серена Вилијамс и ко-основач на „Редит“, Алексис Оханијан (41) откри дека неодамна бил опериран поради „сомнителни јазли“ на тироидната жлезда, за кои лекарите му рекле дека може да станат канцерогени.
Препорачано
Оханијан на Инстаграм објави три фотографии, првата од болница, а на другите со неговата 7-годишна ќерка Олимпија и 15-месечната ќерка Адира, кои ги доби со тенисерката.
„Откако следев некои сомнителни јазли на мојата тироидна жлезда во последните четири години, неодамна ми беа отстранети половина од нив хируршки. возраст, а потоа таа на крајот почина од рак на мозокот десет години подоцна, мразам рак“, напиша тој во описот и додал:
„Не сакав да ризикувам. Особено сум благодарен за овој Ден на благодарноста бидејќи утрово ми се јавија со потврда дека половината од тироидната жлезда што ми беше отстранета навистина е полна со некои грутки јазли кои многу веројатно ќе станат канцерогени. Најлошиот дел, да бидам искрен, е што не можам да вежбам во теретана две недели, но големиот човек ќе се врати следната недела. Ги одведов моите девојки во ‘Дизни ворлд’ оваа недела, така што животот е убав. Мажи, закажете ги тие прегледи на лекар, особено ако сте татко“, заклучил тој.
View this post on Instagram
Алексис и претходно имал здравствени проблеми. Во јули оваа година тој откри дека му било дијагностицирано инфективното заболување – лајмска болест.
ФОТО+ВИДЕО | Бремената Серена Вилијамс го откри полот на нејзиното второ бебе


