ФОТО | Германска принцеза позираше за „Плејбој“: Ова ќе му се допаднеше на мојот прадедо

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ princess_xenia_of_saxony

Германската принцеза Ксенија Флоренс Габриела Софи Ајрис позирала гола за „Плејбој“ и со тоа стана првата аристократка која се соблекла за споменатото списание.

„Сакам да покажам дека секоја жена е убава таква каква што е“, вели 37-годишната Ксенија, која тврди дека е поврзана со 1.000-годишната германска династија Ветин.

„Искрено, би била многу изненадена доколку моето античко благородно семејство го купи списанието, но се надевам дека барем ќе го толерираат овој мој потег“, изјавила таа.

Таа е убедена дека нејзиниот прадедо, последниот крал на Саксонија, Фредерик Август III, би одобрил да позира без облека, пишува „НДТВ“.

„Сите велат дека тој бил смешен, човек полн со љубов“, изјавила таа во интервју за „Плејбој“.

Принцезата, која е и пејачка, колумнист и ѕвезда на бројни реални шоуа, во интервју за магазинот открила и дека постојано се бори со предрасудите поради нејзината титула.

Фотографијата можете да ја погледнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот