ФОТО | Гастро марифети со kitchen4.me: Од овие три рецепти ќе барате репете!

Прекрасни идеи за готвење и рецепти, од традиционалната и интернационалната кујна, најдовме на профилите на социјалните мрежи на kitchen4.me. И со задоволство ги споделуваме со вас.

Макало

Фото: Приватна архива

Потребни состојки:

1 кг компир;
9-10 везени пиперки;
2 стрaка праз;
2 лажици доматно пире;
200 мл зејтин;
сол по желба.

Подготовка:

Компирот со лушпа и сувите пиперки се варат. Празот се сецка ситно. Во аванче се става празот и се толчи заедно со солта; се додаваат сувите пиперки и се толчат; потоа се додаваат и компирите и доматното пире и сè заедно повторно се толчи. Доколку смесата е погуста се додава од водата каде што претходно се вареа компирите и везените суви пиперки. Кога сè ќе биде истолчено смесата се попарува со врел зејтин и сè заедно се меша.

Фото: Приватна архива

Мантии

Фото: Приватна архива

Мантиите претставуваат вистински предизвик, најмногу поради трпението кое е потребно за нивна подготовка, но за оној што сака да поминува повеќе време во кујна ова е само големо задоволство.

Потребни состојки:

Состојки за тестото: околу 800 гр брашно, 400 мл вода, 1 лажичка сув квасец, 1 лажица шеќер, 1 лажичка сол.

Состојки за премачкување на корите: 100 мл масло, 100 гр маргарин

Состојки за фил: 500 гр мешано мелено месо, 1 кромид со средна големина, лук во прав, сол, бибер и шарена сол (количините на зачините се по вкус).

Фото: Приватна архива

Подготовка на тестото:

Од наведените состојки се замесува тесто. Се остава да стаса околу 30 минути на топло. Стасаното тесто се дели на 12 топчиња, на две места по 6 топчиња. Секое топче се расукува во кора со големина околу 20 см и се премачкуваaт со предходно растопен маргарин во кој сме додале масло. Корите се редат една врз друга, последната шеста кора не се премачкува. Вака наредените кори нежно се притискаат за да се залепат една со друга, се тегне од средина кон надвор да добиеме кора со дебелина од околу 5 до 7 милиметри. Кората ја сечеме на коцки со големина 5 см, на 5 см ставаме по едно лажичка од филот и ги спојуваме сите четири краеви. Споениот дел од секоја мантија го ставаме на дното на тавчето кое сме го обложиле со хартија за печење. Истото го повторуваме и со останатото купче од 6 топчиња. Откако ќе се наредат мантиите пред печење премачкуваме одозгора со маслото и маргаринот.  Печеме во загреана рерна на 180 степени Целзиусови, додека поруменат.

Фото: Приватна архива

 

Полнети симит лепчиња

Фото: Приватна архива

Потребни состојки:

За тесто: 2 чаши млако млеко, 1 чаша масло, 2 јајца, 2 лажички шеќер, 1 лажичка сол, 1 коцка свеж квасец, 6-7 чаши брашно.

За филот: фета сирење, кашкавал, магдонос.

За премачкување: 1 јајце, сусам, ким, мак.

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Се замесува тесто од наведените состојки. Се остава да стаса околу 40 мин. Од стасаното тесто се формираат симит лепчиња кои се оставаат да стасаат уште 15-20 минути пред печење. Се премачкуваат со јајце и врз нив се посипува по желба сусам, ким, мак. Симит лепчињата се печат во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 30 минути додека да поруменат. Фета сирењето се дроби, се додава ренданиот кашкавал и се мешаат заедно. Со подготвениот фил се полнат симит лепчињата пресечени на средина, на крајот врз филот се нанесува сецкан магдонос.

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот