Верските и политичките лидери на ифтар-вечера во организација на Собранието / Фото: Фејсбук / Африм Гаши

ФОТО | Гаши ги собра верските и политичките лидери на ифтар

Премиерот Христијан Мицкоски, поглаварот на ИВЗ, Шакир ефенди Фетаи, владиката Јосиф од МПЦ-ОА, Бискупот Киро Стојанов, претставници на верските заедници, како и пратеници и други политичари, беа дел од Ифтарската вечера што вчера ја организираше претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Фото: Фејсбук / Африм Гаши

Настанот, кој веќе е традиционален, се одржа во Клубот на пратеници, а гости беа претставници и на власта и на опозицијата.

Фото: Фејсбук / Африм Гаши

-Имав чест, во својство на претседател на Собранието на РСМ, да организирам ифтар по повод светиот месец Рамазан. Месецот Рамазан е месец кој нè повикува да размислуваме, да се зближуваме едни со други и да го зајакнеме чувството на солидарност. Им благодарам на сите што ја прифатија поканата и кои со своето присуство го направија овој ифтар уште попосебен. Се надевам дека оваа вечер ќе нè обедини во духот на почитта, мирот и вредностите на кои нè учи Рамазан, напиша Африм Гаши на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот