ФОТО ГАЛЕРИЈА | Мода инспирирана од кукла: Маргот Роби како барбика на розовиот тепих

Фото: Инстаграм/ Andrew Mukamal

За актерката Маргот Роби, линијата меѓу „Барбиленд“ и реалниот свет не постои, барем во деновите кога таа стапнува на розовиот тепих за да го промовира својот нов филм „Barbi“. Маргот и нејзиниот стилист Ендрју Мукамал одвреме-навреме со голем успех рекреираат некои од најпознатите комбинации кои ги носат куклите Барби на „Мател“ (Mattel).

Тие беа инспирирани од најразновидните парчиња облека на популарната Барби – од елегантен црн фустан од шеесетите, до розов мини фустан со метален ремен од деведесеттите.

За премиерата на филмот „Барби“ во Лос Анџелес на 9 јули, Маргот Роби носеше елегантен црн фустан од модната куќа „Скијапарели“, кој беше инспириран од Барбиката од 1960 година, наречена „Сама во центарот на вниманието“. Не изостана ниту бледо розова марама која куклата ја носеше и во раката.

Фото: Инстаграм/ Andrew Mukamal

Во Мексико Сити, Роби беше инспирирана од една Барбика од 1990-тите, со краток фустан од „Балмеин“ и богати сребрени додатоци. Срцата и ѕвездите отсекогаш биле поврзувани со популарната кукла.

Фото: Инстаграм/ Bryce Scarlett

Маргот Роби за прес-конференцијата одржана во Сеул избра блескава комбинација, а овој пат станува збор за куќата „Москино“. Актерката носеше и капа, исто како и Барби.

На премиерата во Сеул, актерката претстави две комбинации – еден за денот, реплика на Версаче на „деловниот“ сет на Барби од 1985 година, а вечерта во романтичен фустан од тул потпишан од истата куќа.

Фото: Инстаграм/ Bryce Scarlett

Една од поновите барбики беше инспирација за точкастиот мини фустан на Валентино, кој Маргот Роби го носеше на фотосесија во Лос Анџелес во јуни оваа година.  Дури и жолтата чанта беше поврзана со куклата од 2015 година.

Фото: Инстаграм/ Andrew Mukamal
Фото: Инстаграм/Andrew Mukamal
Фото: Инстаграм/ Andrew Mukamal
Фото: Инстаграм/ Andrew Mukamal
Фото: Инстаграм/ Andrew Mukamal

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот