(ФОТО) Гала вечер во Музејот на филмската академија: Деми Мур блесна во златна боја, Кендал во проѕирен фустан, Опра никогаш послаба

Фото: Инстаграм / Профимедиа

Во Музејот на филмската академија во Лос Анџелес синоќа се одржа 3. престижна гала вечер, на која се собраа највлијателните холивудски личности.

Ова беше вечер на изразен гламур, па така беа и креациите на црвениот тепих, кои зрачеа со елеганција и луксуз. Посебен впечаток оставија модните изданија на Деми Мур, Кендал Џенер, Криси Тајген, као и Опра Винфри која ја истакна својата витка линија.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Деми Мур изгледаше совршено на 61 година. Актерката блесна на црвениот тепих во златна модна креација. Овој златен фустан беше украсен со огромен цвет во горниот дел, со дискретен шлиц во долниот дел, а славната актерка го надополни со златни сандали и ефектни обетки. Долгата, бујна коса ја носеше во лежерни бранови.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Манекенката Кендал Џенер, се појави во смела комбинација со современ стил, но повторно изгледаше многу впечатливо и елегантно. Таа се одлучи за црвен, долг и тесен фустан, кој го носеше без градник.

Фото: Michael Tran / AFP / Profimedia

Криси Тајген избра заводлива, прекрасна креација од тул во боја на кожа со длабок шлиц и длабоко деколте, но повторно изгледаше многу убаво и скромно.

Фото: Michael Tran / AFP / Profimedia

Меѓу присутните се издвои и Опра Винфри, 69-годишната медиумска икона, која беше облечена во тесен виолетов фустан. Многумина забележаа дека водителката никогаш не изгледала послабо.

Во продолжение погледнете ги модните изданија на останатите дами:

Фото: Michael Tran / AFP / Profimedia
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Фото Michael TRAN / AFP / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот