ФОТО | Франц со семејството ужива во рајска летна идила на островот Ана Марија во Флорида
Поранешниот член на групата „Нокаут“, Владимир Крстевски – Франц, летово одлучи да побегне од секојдневието и со сопругата Ема и ќерките Мелоди и Мона да ужива на идиличниот остров Ана Марија, сместен на западниот брег на Флорида.
Препорачано
Семејството сподели моменти од одморот на социјалните мрежи, каде што се гледаат опуштени и насмеани на плажите со бел песок и тиркизна вода. Освен за релаксација и семејно дружење, ова место е совршено и за набљудување на морски желки и делфини.


Островот Ана Марија е долг околу 11 километри и се состои од три мали гратчиња. Тој е познат по својата тивка атмосфера, локалниот шарм и недопрената природа, што го прави идеална дестинација за оние што бегаат од градската врева и комерцијализираниот туризам.
Франц, кој веќе неколку години живее и работи во Калифорнија, ретко се појавува во јавноста, но овој пат сподели неколку интимни моменти со своите најблиски, вклучувајќи и фотографија од спектакуларното зајдисонце кое, како што напиша, им го освоило срцето.


ФОТО: Франц од Нокаут и неговата сопруга Ема го прославија роденденот на нивната прва ќерка


