Термална бања Пачир, Србија - Фото: Инстаграм/ termalna_banja_pacir

ФОТО | Феномен во близина на Македонија — „розово море“ со лековита вода, единствено во регионот

Оаза на мир и природна убавина, со единствен рекреативен комплекс со специфична боја на термална вода каква што ретко може да се види, се наоѓа на северот на Србија, на околу два часа возење од Белград.

Недалеку од Бачка Топола и Суботица се наоѓа термалната бања Пачир, која е единствена во овој дел од Европа и препознатлива по розовата боја на водата во езерото, пишува „Сити магазин“.

Термална бања Пачир, Србија – Фото: Инстаграм/ termalna_banja_pacir

Комплексот на термалната бања во Пачир во последните години доби голема популарност токму поради својата розова вода, која на сонце добива нијанса на циклама, додека во сенка преминува во потемна виолетова нијанса.

Езерото е опкружено со уредена плажа со ситен чакал, покрај која се поставени лежалки и чадори за сонце. Има и маси и столици под настрешници, а во задниот дел се наоѓа голема зелена површина наменета за сончање на трева.

Термална бања Пачир, Србија – Фото: Инстаграм/ termalna_banja_pacir

Комплексот располага и со два затворени базени со термална вода, што ја прави бањата погодна и за посета во зимските месеци.

Водата извира од длабочина од околу 1.400 метри под земјата и на изворот достигнува температура од околу 72 степени Целзиусови, но додека стигне до површината постепено се лади, па во езерото изнесува околу 30 степени.

Термална бања Пачир, Србија – Фото: Инстаграм/ termalna_banja_pacir

Оваа вода содржи висока концентрација на натриум-хлорид, па затоа не е само топла, туку и солена, што ѝ дава својства кои се сметаат корисни за здравјето.

Според составот на водата, бањата има добиено сертификат за лековитост. Се смета дека топлата солена вода помага во одржување на здравјето и придонесува за зајакнување на имунитетот. Исто така, постојат тврдења дека водата има корисно дејство кај кожни заболувања, ревматски проблеми и состојби по повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот