ФОТО | Емотивна приказна на Ребека со близнаците, радост во домот
Ребека Јанковска – Ристески сподели ретка фотографија со своите синови, близнаците Макариј и Доротеј.
Препорачано
Со овој спомен од времето кога биле многу помали, таа уште еднаш ги разнежни своите следбеници на социјалните мрежи.
На фотографијата, Ребека е снимена со своите помали деца, близнаците Макариј и Доротеј, во период кога биле бебиња. Овој кадар е вистински потсетник на 2013 година, кога семејството стана побогато за уште два члена, носејќи нова радост во домот на пејачката и нејзиниот сопруг Мики. Нивниот постар син Маркијан во ноември ќе наполни 20 години.

Позната по својата борбеност и посветеност како мајка, Ребека честопати отворено зборува за предизвиците и убавините на родителството.
„Мики претежно е со работни обврски, а јас се обидувам да го менаџирам темпото на Маркијан, но и да имам време и за другите две деца некаде помеѓу, а воедно да сум секогаш позитивна, спокојна, да го средам домот, да изгледам и да продолжам да важам за (цитирам) средена, негувана и дотерана жена“, рече Ребека во едно постаро интервју за „Слободен печат“. Таа е голем борец за лицата со ретки болести и активистка.
„Секогаш ги поддржувам лицата со ретки болести и колку можам се вложувам за да се надминат проблемите“, додаде Ребека.
„Семејствата каде што има лице со попреченост најчесто го организираат времето според потребите, можностите и рутините на детето, лицето со попреченост. Токму тие, рутините, се тешки за издржување“, искрена е Ребека за својот син Маркијан, кој е младинец со ретка болест.


