ФОТО | Ема растури: Франц од „Нокаут“ сподели интимна приказна за сопругата од Америка

Владимир Крстевски – Франц, некогашниот гитарист на групата „Нокаут“, сподели интимна приказна за неговата сопруга Ема, со која долги години живее во Америка.

Ема Петреска го привлече вниманието на социјалните мрежи, откако Франц јавно изрази гордост за нејзиниот фитнес-успех.

„Толку сум горд на мојата сопруга, таа растури“, напиша тој во описот на фотографијата, на која Ема позира во врвна форма, истакнувајќи ја својата физичка подготвеност и посветеност на здрав начин на живот.

Таа активно се занимава со фитнес и велнес, а зад нејзиниот изглед стојат сериозна трансформација и дисциплина.

Фото: Инстаграм/Ема Петреска

Во своја објава, Ема откри детали за патот до успехот:

„Првпат се натпреварував и освоив четири медали! Многу сум благодарна за ова патување. Овој спорт ми го освои срцето. Научив што значи дисциплина и што може да постигне конзистентноста. Ова беше најтешката работа што сум ја направила досега и сум неверојатно горда. Ослабев 15 килограми за речиси пет месеци и изградив природна, мускулеста фигура. Сега знаете зошто тренирам толку напорно.

Неизмерно сум му благодарна на моето семејство, мојот прекрасен сопруг и моите две прекрасни ќерки, кои ме поддржуваа изминативе пет месеци. Му благодарам и на мојот тренер, кој веруваше во мене и ме туркаше напред, како и на мојот личен тренер, кој ме научи да го совладам секој чекор на сцената. Благодарна сум и за вистинските пријатели кои останаа со мене до крај, како и за поддршката од фитнес-заедницата“, сподели Ема Петреска, ќерката на политичарот Иван Џо Петрески.

Фото: Инстаграм/Ема Петреска

Владимир Крстевски – Франц и Ема се посветени родители на две ќерки, Мелоди и Мона, која се роди на 31 јули 2020 година. Постарата ќерка, Мелоди, се роди на 1 јуни 2019 година.

Неодамна, Франц на својот фејсбук-профил ја смени профилната фотографија, на која се гледа дека музичарот не се сменил многу од времето кога живееше во Македонија и кога беше член на „Нокаут“.

Миленикот на женската публика не ја сменил ни својата професија – тој сè уште свири гитара и настапува. Франц претходно објави уште една своја фотографија, од новогодишен настап.

„Беше многу забавно да се свири во улогата на Рони Вуд со ‘Американ Стоунс’, трибјут-бенд на ‘Ролинг стоунс’“, напиша Франц на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот