ФОТО | Една од најубавите жени во светот и поранешна Мис Универзум стана мајка, го откри името на ќерка си
Една од најубавите жени во светот и Мис Универзум 2012, Оливија Кулпо, ја сподели среќната вест дека се породила. Имено, таа и нејзиниот сопруг Кристијан МекКафри го добиле своето прво дете. Станаа горди родители на ќерката Колет.
Препорачано
Оливија објави фотографии од болницата, а во описот откри дека девојчето го крстиле Колет Анализ МекКафри. Бројни следбеници им честитаа за новото бебе во коментарите.
„Колет има среќа што го има најдобриот татко на светот. Љубов каква што нема да биде друга“, напишала Кулпо на Инстаграм.
Таа и МекКафри почнаа да се забавуваат во 2019 година, а тој ѝ предложи брак четири години подоцна. Се венчаа во јуни минатата година. Претходно таа зборуваше за својот страв дека нема да може да роди бидејќи ѝ е дијагностицирана ендометриоза.
„Постојано се грижам за основање семејство. Чувствувам дека морам да имам деца што е можно поскоро“, рекла таа во шоуто „Сестрите Кулпо“.
Девет месеци подоцна, таа гордо го покажа своето трудничко стомаче и рече: „Следното поглавје – мајчинство“. Потоа рече дека доброто здравје е сè што може да посака.
ФОТО+ВИДЕО | Една од најубавите жени на светот, поранешната Мис Универзум е бремена


