Волтон Гогинс/Фото: AMANDA EDWARDS / Getty images / Profimedia

ФОТО | Ѕвездата на „Белиот лотос“ во Белград: „Вчерашниот протест беше неверојатен, сите тие луѓе – беше неверојатно да се види тоа“

Американскиот актер Волтон Гогинс, ѕвездата на популарната серија на Ејџ-би-о – „Белиот лотос“ (The White Lotus), овие денови престојува во Белград – и очигледно се забавува одлично. На Инстаграм објави низа фотографии од српската престолнина: селфи од улица, фотографија од ресторан, моменти со жива музика и вечерната атмосфера, која, судејќи според неговата насмевка, целосно го освоила.

Но, под неговите фотографии се појави и коментар кој привлече внимание. Еден корисник му напиша: „Одлично е што те гледам во Белград! Студентите овде се залагаат за вистината и правдата, добро би им дошол збор за поддршка од легенда како тебе!“

Гогинс на тоа брзо одговорил и собрал повеќе од 400 лајкови: „Тие протести вчера беа неверојатни! Инспиративни. Многу луѓе што ги запознав откако сум тука беа таму.“

На другите коментатори Вотон додал: „Сите тие луѓе… Вашите луѓе… Млади и стари… Кои стоеја… Беше извонредно тоа да се види!“

 


Со ова, американскиот актер, можеби и несвесно, ги поддржа белградските студенти кои во последните денови излегуваат на улиците, барајќи промени и поправедно општество.

Волтон Гогинс (52) е американски актер со импресивна кариера што трае повеќе од три децении. Публиката го памети по улогата на Шејн Вендрел во култната серија „Штитот“ (The Shield), а подоцна и како Бојд Краудер во наградуваната серија „Оправдано“ (Justified). Соработувал со режисери како Квентин Тарантино, глумејќи во филмовите „Џанго разуздениот“ (Django Unchained) и „Омразените осум“ (The Hateful Eight).

Во новата, трета сезона од хит серијата на Ејџ-би-о „Белиот лотос“, Гогинс го толкува ликот на Кенет, еден од новите гости во луксузниот одморалиште во Тајланд, каде што се одвива дејството на серијата. Неговиот лик е опишан како шармантен, но морално сомнителен човек – типичен гостин на „белиот лотос“ кој под површината крие многу повеќе отколку што покажува.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот