ФОТО | Џорџ Клуни бесен како рис откако ги прочитал тврдењата против него во мемоарите на Вирџинија Џуфре
Џорџ Клуни наводно „вреснал од бес“ откако ги прочитал скандалозните тврдења изнесени против него во постхумните мемоари на Вирџинија Џуфре. Во книгата „Ничија девојка: Мемоари за преживеано злоупотребување и борбата за правда“, објавена овој месец по самоубиството на Вирџинија кое се случи во април, се наведува, меѓу другото, дека Гислејн Максвел тврдела оти орално го задоволила Џорџ Клуни.
Препорачано
„Еднаш се врати возбудена и рече дека во тоалетот орално го задоволила Џорџ Клуни. Никогаш не престана да се фали со тоа“, напишала Џуфре.
Нејзините наводи предизвикаа голем одек во јавноста, а сега се огласи и соработник на Клуни, кој за магазинот изјавил дека сè е „целосна глупост“.
„Тој никогаш во животот не ја сретнал Гислејн Максвел и ужаснат е што неговото име е вовлечено во ова“, инсистирал соработникот на холивудската ѕвезда.
😳 George Clooney was reportedly “boiling with anger” after reading scandalous claims made against him in Virginia Giuffre’s posthumous memoir.
Read the claims here: https://t.co/3B29OWZTyY pic.twitter.com/fDLPwrUvAJ
— TMZ (@TMZ) October 27, 2025
Сите обвинувања против Клуни ги нарекол „ измислица“.
Џуфре беше жртва на озлогласената мрежа за трговија со луѓе на Џефри Епстајн уште како тинејџерка. Нејзината книга го обиколи светот поради скандалите поврзани со овој многу медиумски интересен случај.
Меѓу другите споменати во книгата е и принцот Ендру, со кого Џуфре во 2022 година постигна нагодба во граѓанска постапка за неоткриен износ.
Епстајн изврши самоубиство во затворот на Менхетен во 2019 година, додека го чекаше судењето, а Максвел беше осудена на 20 години затвор. Во моментов таа издржува казна во федералниот затвор во Брајан, Тексас.


