Фото: gina_schumacher/Instagram

ФОТО: Џина Шумахер со емотивна објава го честиташе роденденот на својот татко

Ќерката на веројатно најголемиот возач во историјата на Формула 1, Михаел Шумахер, Џина Шумахер, преку социјалните мрежи му го честиташе роденденот на својот татко со емотивна објава.

На својот Инстаграм профил таа сподели фотографија на која насмеани се Михаел и неговата сопруга Корина, заедно со нивните деца, Мик и Џина.

„Најдобриот засекогаш! Среќен роденден, тато“, напиша Џина во описот на фотографијата.

Ќе потсетиме, легендарниот Германец на 29 декември 2013 година доживеа тешка несреќа при скијање во француските Алпи, во Марибел, при што сериозно ја повреди главата. По инцидентот беше ставен во медицински индуцирана кома и оттогаш целосно се повлече од јавниот живот.

За Шумахер во нивниот дом крај Женевското Езеро се грижат неговата сопруга Корина и внимателно одбран медицински тим, додека информациите за неговата здравствена состојба и понатаму остануваат строго доверливи.

Во својата блескава кариера, Михаел Шумахер освои седум титули светски шампион и запиша 91 победа, достигнувања поради кои многумина и денес го сметаат за најголемиот возач во историјата на Формула 1.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gina Schumacher (@gina_schumacher)

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот