Џесика Алба / Дени Рамирез / Фото: ЕПА

ФОТО | Џесика Алба страсно се бакнува среде улица со згодниот актер 12 години помлад од неа

Актерката Џесика Алба (44) повторно беше видена со нејзиното наводно ново момче, актерот Дени Рамирез (32), a овој пат не можеа да ја сокријат блискостa. Фотографиите што ги објави „Де муа“ (DeuxMoi) во саботата ги покажуваат Џесика и Дени како страсно се бакнуваат на улица.

Рамирез ги обвиткал рацете околу вратот на познатата Џесика додека стоеле пред неговиот дом, а по страсниот бакнеж, двајцата се смееле.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by curators of pop culture (@deuxmoi)


Наводниот пар беше фотографиран во лежерни изданија, кои, како што забележаа некои, биле слични. Алба носела темно сина јакна, сиви панталони, црни патики и капа, додека Дени носел темно сина кошула, сиви тренерки и црни патики.

Џесика и Дени  во последно време неколкупати беа видени заедно во јавноста, а неодамна беа фотографирани во текот на романтична вечера во Лос Анџелес. Тие заедно го напуштиле ресторанот заедно и влегле во автомобилот. Како што откри изворот, двојката наводно не е „во ексклузивна врска“, додавајќи дека Алба „само сака да се забавува“ по разводот од долгогодишниот Кеш Ворен.

Џесика во јануари потврди дека се разведува по речиси 17 години брак.

„Со години бев на патот на самооткривање и трансформација – и како индивидуа и во партнерство со Кеш. Горда сум на тоа како растевме како двојка и во нашиот брак и во текот на последните 20 години, но сега е време да започнеме ново поглавје на раст и еволуција како поединци. Одиме напред со љубов, љубезност и почит еден кон друг и засекогаш ќе бидеме семејство. Нашите деца остануваат наш највисок приоритет, па затоа во овој момент бараме приватност“, напиша Џесика на Инстаграм во тоа време.

ВИДЕО | Џесика Алба e повторно вљубена: Фатена со атрактивен латино актер 11 години помлад од неа

Детали за разводот на Џесика Алба: Немале предбрачен договор, ќе делат имот вреден 600 милиони долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот