ФОТО | Џенифер Лопез сè уште го носи трендот „без панталони“: Облече црно тесно боди само со хулахопки
Откако трендот „без панталони“ ги освои познатите дами во Холивуд пред неколку години, се чини дека американската пејачка и глумица Џенифер Лопез сè уште не се откажува од него и се пофали со една таква комбинација на Инстаграм.
Препорачано
Трендот без панталони подразбира комбинации на облека во кои недостасува долниот дел од облеката, а овој пат холивудската ѕвезда искомбинира тесно црно боди само со црни хулахопки.
View this post on Instagram
Хулахопките имаа принт од роза насекаде, а изгледот го надополни со црни чевли и црна беретка.
Таа целиот изглед го заокружи со низа нараквици на двете раце и прстени на едната рака.
Пејачката ја заврши својата турнеја „Up All Night“, а нејзиниот последен настап беше на 10 август во Алмати, Казахстан. Благодарение на сцената од концертот на стадионот во овој град, таа беше во центарот на вниманието.
Скакулец слета врз неа, а снимката го привлече вниманието на многу корисници на социјалните мрежи. Додека пееше, скакулецот ѝ се искачи до вратот. Сепак таа не дозволи ова да ѝ го одвлече вниманието, останувајќи професионална до крајот на настапот.


