Profimedia
Фото: Profimedia

ФОТО | Џек Николсон го прослави 89. роденден — по долга медиумска пауза, објавена е нова фотографија од легендарниот актер

Легендарниот холивудски актер Џек Николсон се појави во јавноста, и тоа по многу посебен повод. Актерот во средата го прослави својот 89-ти роденден, а неговата ќерка Лорејн го одбележа големиот ден споделувајќи фотографија на Инстаграм од својот славен татко на социјалните мрежи.

Џек Николсон – Фото: Инстаграм/lnicholson

На фотографијата, Николсон е прикажан со својата препознатлива широка насмевка додека ракоплеска, седејќи во друштво на музичката икона Џони Мичел. Лорејн објави и една „винтиџ“ фотографија од актерот, на која тој опуштено ужива со пура во раката.

Џек Николсон – Фото: Инстаграм/lnicholson

 

Како што е веќе познато, Џек Николсон во последните години се повлече од јавниот живот и холивудскиот гламур, избирајќи мирен живот зад сцената. Сепак, најновата објава покажува дека легендарниот актер и на 89 години не ја изгубил својата харизма и сè уште изгледа како вистинска ѕвезда.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот