ФОТО | Џејда Пинкет Смит сподели селфи, па ја исмеаја: Зошто изгледа како Питбул и Двејн Џонсон?

Фото: ЕПА / Инстаграм

Џејда Пинкет Смит сподели фотографија од себе пред огледало на која корисниците на социјалните мрежи едвај ја препознаа.

Иако фотографијата требаше да ја истакне нејзината модна комбинација, таа набрзо стана предмет на исмевање поради нејзиниот изглед и беше споредена со раперите Питбул, Фет Џо, како и со актерот Двејн Џонсон.

Фото: Instagram / jadapinkettsmith

На фотографијата таа носи зимска жолта јакна и бели спортски панталони, а на лицето има очила за сонце. Корисниците на Твитер беа брзи и креативни, па споделија многу смешни коментари.

„Џејда Пинкет Смит изгледа како ‘Карпата’ од 2012 година“; „Јада конечно стана ‘Карпата’“; „Морав да зумирам за да се уверам дека е Џада“; „Мислев дека е Фет Џо“; „Изгледа како ослабен Фет Џо“; „Сит еја помешаа со Питбул и Фет Џо“, беа некои од коментарите.

Џејда Пинкет Смит за скандалот на Оскарите: Таа шлаканица ми го спаси бракот со Вил

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот