Џејда Пинкет Смит за скандалот на Оскарите: Таа шлаканица ми го спаси бракот со Вил

Фото: Profimedia

Минатата година, за време на доделувањето на филмските награди Оскар, актерот Вил Смит му удри шлаканица на водителот Крис Рок затоа што се пошегува на сметка на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит.

Бракот на холивудската двојка е на „стаклени нозе“ од 2016 година, а според Џејда, јавниот скандал на Вил го зајакнал нивниот однос.

„Таа година, за малку немаше да присуствувам на Оскарите. Но, драго ми е што присуствував. Сега тоа го нарекувам ‘света шлаканица’, затоа што следуваа многу позитивни работи. Јас долги години размислував за тоа дали да го напуштам Вил, а таа шлаканица ми беше потребна за да сфатам дека никогаш нема да го напуштам“, изјави таа за „Дејли мејл“.

Вил Смит и Џејда Пинкет Смит / Фото: Profimedia

Мемоарите на Џејда

Во својата книга „Вредна“ („Worthy“), Џејда зборува без влакна на јазикот. Таа го опиша својот живот – од дилање дрога во Балтимор, до бракот со Вил.

На промоцијата на книгата таа откри дека таа и актерот се разделени седум години, но дека работат на својот однос.

„Навистина напорно работевме. Едноставно, многу сме вљубени еден во друг и ќе откриеме како тоа ќе функционира за нас“, рече Џејда.

Некои луѓе на социјалните медиуми бараат од Џејда да престане да открива делови од нејзиниот приватен живот.

„Може ли луѓето да престанат да ја интервјуираат Џејда Пинкет Смит? Сериозно“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Ако треба лично ќе им платам на луѓето да престанат да ја интервјуираат Џејда Пинкет Смит. Се колнам во Бога дека ќе го направам тоа“.

Фото: Profimedia

Во брак се 26 години

Актерите се запознале во 1994 година, кога Џејда учествувала на аудиција за ситкомот на Вил – „Принцот од Бел Ер“ („The Fresh Prince of Bel-Air“), а три години подоцна се венчале.

Заедно ги имаат децата Џејден (25) и Вилоу (23), додека Вил го има и синот Треј (31) со поранешната сопруга Шери Зампино.

Инаку, Џејда со години се бори со опаѓањето на косата предизвикано од алопеција. Имено, алопеција се развива кога имунолошкиот систем ги напаѓа фоликулите на косата, што резултира со губење на косата. Може да дојде до ненадејно губење на косата на темето, а во некои случаи и на веѓите, трепките и лицето, како и на други делови од телото. Исто така, може да се развива бавно и да се повтори по неколку години.

Фото: Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот