ФОТО | Џастин и Хејли Бибер ја објавија првата семејна фотографија со синот Џек
Џастин и Хејли Бибер на Инстаграм ја објавија првата заедничка фотографија со нивниот син Џек, кој се роди во август. Славниот пар со своите следбеници сподели фотографија која е создадена по повод Ноќта на вештерките, а тие се маскираа во ликови од цртаниот филм „Kim Possible“. Хејли беше истоимената хероина, а Џастин беше пријателот Рон Стопебл, а малото момче беше облечено како кртот на Рон, Руфус.
Препорачано
View this post on Instagram
Лицето на Џек не беше свртено кон камерата. Обожавателите беа трогнати и во коментарите им порачаа дека се прекрасно семејство.
„Не знам зошто некои луѓе не ве сакаат, прекрасни сте“, „Секогаш треба да сте олку среќни“, „Улогата на родители толку ви одговара“, продолжија коментарите.
Хејли ја објави оваа семејна фотографија заедно со уште неколку интересни моменти од октомври, а објавата досега собра четири милиони лајкови на Инстаграм.
Славниот пар веста за новороденчето ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи. „Добредојде дома“, напишале новопечените родители покрај фотографијата од стапалата на момчето кое го нарекле Џек Блуз Бибер.


