Тарик Филиповиќ / Фото: Инстаграм/Тарик Филиповиќ

ФОТО | „Додека те имам, не се плашам“: Тарик Филиповиќ со емотивна приказна за мајка му

Хрватскиот актер Тарик Филиповиќ ја покажа својата мајка Сека со посебен повод.

Иако ретко зборува за своето семејство во јавноста, актерот и водител овојпат објави слика од мајка си по повод нејзиниот 80. роденден. До сликата од мајката, на која се гледа дека е убава и негувана дама, тој објави и специјална посвета, песната од Дино Мерлин, „Све док те буде имало“.

„Додека те имам, воопшто не се плашам, не се плашам од никого“, се дел од стиховите на песната кои Тарик ги посвети на мајка си.

Фото: Инстаграм/Тарик Филиповиќ

Филиповиќ е по потекло од босанскиот град Зеница, каде што сѐ уште живеат неговите родители, Сека и Омер.

Во 2024 година, актерот објави ретка фотографија со својот татко Омер Филиповиќ, а за тоа имаше добра причина.

Откако блесна на црвениот тепих на Сараевскиот филмски фестивал со сопругата Лејла и синот Дино, актерот и водител тогаш се јави од родната Зеница.

Во објавата, тој откри дека имал посебен настан – 86-тиот роденден на неговиот татко.

„Драг тато. Еве нè на 86 години. Вети сто, а секогаш си го одржуваш зборот. Среќен роденден, те сакам“, напиша тогаш Тарик.

Иако нивниот син е една од најпознатите телевизиски личности во регионот, родителите на Тарик го избегнуваат медиумското внимание и ретко се гледаат во јавноста.

Омер Филиповиќ во 2023 година дојде во Загреб да го поддржи својот син на премиерата на шпанскиот филм „42 секунди“, каде што Тарик го играше Драган Матутиновиќ, легендарниот тренер од Сплит кој ја предводеше Шпанија до нејзиниот прв олимписки медал во ватерполо.

ФОТО | Тарик и Лејла Филиповиќ уживаа во Скопје: „Таму каде што сонцето вечно сјае – колку љубов и топлина“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот