Фото: Инстаграм/Лејла Филиповиќ

ФОТО | Тарик и Лејла Филиповиќ уживаа во Скопје: „Таму каде што сонцето вечно сјае – колку љубов и топлина“

Хрватскиот водител Тарик Филиповиќ и неговата сопруга Лејла, која е успешна менаџерка во областа на односите со јавноста, поминаа убаво време во нашиот главен град, а своите позитивни импресии од Скопје ги искажаа на социјалните мрежи.

Двојката неодамна присуствуваше на првата регионална конференција за родителство на Бекутан во Скопје и беа дел од панел-дискусиите.

Тарик и Лејла максимално го искористиле слободното време и ги посетиле најзначајните туристички точки во македонската метропола – Старата скопска чаршија, Македонскиот народен театар, Камениот мост, плоштадот „Македонија“, порта „Македонија“ и спомен-куќата на Мајка Тереза.

„Ова е наш прв заеднички престој во Скопје – таму каде што сонцето вечно сјае. Колку љубов и топлина. Има некоја тајна врска“, напиша Лејла Филиповиќ на својот инстаграм-профил, каде објави неколку фотографии од нивното патување во Скопје.

Фото: Инстаграм/Лејла Филиповиќ
Фото: Инстаграм/Лејла Филиповиќ
Фото: Инстаграм/Лејла Филиповиќ
Фото: Инстаграм/Лејла Филиповиќ
Фото: Инстаграм/Лејла Филиповиќ
Фото: Инстаграм/Лејла Филиповиќ
Фото: Инстаграм/Лејла Филиповиќ
Фото: Инстаграм/Лејла Филиповиќ
Фото: Инстаграм/Лејла Филиповиќ
Фото: Инстаграм/Лејла Филиповиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот