ФОТО | „Диор“ повторно предизвика расистички скандал: Фотографијата со „косооката“ манекенка избришана

Фото: Инстаграм

Луксузниот бренд „Диор“ е обвинет за расизам на кинеските социјални мрежи поради реклама во која е прикажана азиска манекенка која со прстот го крева аголот на окото нагоре.

Француската куќа ја објави фотографијата на својот инстаграм-профил претходно оваа недела, пред брзо да ја отстрани, објави „Би-би-си“. „Диор“ не даде јавни изјави по овој повод.

Кинеските корисници на интернет се сè почувствителни на прикажувањето на Кинезите среде растечкото националистичко расположение на интернет.

 

Контроверзната фотографија беше објавена пред седум дена за да се промовира новата колекција на шминки на „Диор“. На неа се гледа како манекенката го крева окото со натпис „Канализирајте ја својата мачкина жестина“.

Фотографијата подоцна беше повторно објавена на кинеските платформи за социјални медиуми, каде беше критикувана и беше објавен вирален хаштаг „Реклама за шминка на ‘Диор’ обвинета за дискриминација на Азијците“ на Веибо.

Бесни коментари го преплавија инстаграм-профилот на оваа француска модна куќа, а најмногу лајкови доби коментарот „Тоа е расна дискриминација“.

 


Кинескиот државен весник „Глобал тајмс“ објави уреднички текст во кој го повикува брендот да се извини.

„Повлекувањето на очите наназад… го исмева изгледот на Азијците, особено на источните Азијци“, пишува весникот, додавајќи дека се надева дека „Диор“ ќе се соочи со своите грешки, ќе упати искрено извинување, ќе одговори на азиското општество и ќе даде јасни изјави за тоа како за да се спречат слични проблеми да не се појават во иднина.

Некои корисници на интернет, исто така, ги повикаа кинеските познати личности кои го промовираат „Диор“ да ги прекинат своите договори со модната куќа.

Фото: WEIBO

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот