ФОТО | Димитар Узунски за лековитата моќ на Илин Камен: Ги услишува молитвите на жените неротки

Фото: Приватна архива

Во подножјето на планината Влаина, по долината на Брегалница, во непосредна близина на Делчево, се простира селото Ѕвегор. Мештаните раскажуваат дека некогаш, тука се наоѓал голмиот град Ѕвегор. Името го имал добиено по некој огромен ѕвер, што живеел на ова место и уривал се пред себе. И навистина, недалеку од селото има стар антички град, но не со толакава големина како што се прикажува во народното предание.

– Пијанечкиот крај е богат со неизмерно богатство на природни реткости и убавини за кои многу малку се знае. Природните реткости кои ги создала природата се едно дело нејзино, а народот создал своја приказна за неговото настанување – ни раскажува Димитар Узунски.

фото приватна архива

Целиот локалитет е познат како Илин Камен, а за остатоците од старата базилика, велат дека била црква на Свети Илија.

НА ИЛИН КАМЕН СЕ НАОЃА ЕДНА КАРПА КОЈА ГО НОСИ ИСТОТО ИМЕ. ВО ДОЛНИОТ ДЕЛ НА КАРПАТА ИМА КРУЖЕН ОТВОР, А НАРОДОТ ВЕЛИ ДЕКА ОВА Е СВЕТ КАМЕН И ГИ ЛЕКУВА ЖЕНИТЕ НЕРОТКИ.

– Некогаш, во дамнешно време, постоеле две населби, Долно и Горно Ѕвегри. Тие две села се пишани и во турските пописни документи од 16 век. Живееле заедно, ги славеле заедно големите христијански празници. Во Долно Ѕвегри постоела Црквата Свети Јоаким, а народот ја вика Ѓурѓина или Ѓурѓева црква. Еден ден кога се одбележувал празникот Ѓуровден, се собрал народ и од едното и од другото село. На прославата дошла и момата Илина од Горно Ѕвегри. Таа се издвојувала со својата убавина. Турците ја забележале и одлучиле да ја грабнат и да ја потурчат. Таа навреме сватила што намислиле Турците, успеала да избега и да се искачи по планината. Турците тргнале по неа, но Илина немала доволно сила да им избега. Дошла до местото каде што е каменот и се помолила на Бог: – Боже претвориме во еден камен само да не паднам жива во рацете на Турците и да не бидам потурчена. Бог ја исполнил нејзината желба и веднаш се претворила во камен – вели  Узунски.

Поради верувањата во моќта на каменот, овде доаѓаат многу неротки кои се протнуваат низ отворот во карпата.

– Многу жени доаѓаат тука, ќе се протнат еднаш или три пати низ отворот, палат свеќа и оставаат дар на каменот. некои од жените си нашле спас за својата мака…

Целиот текст и фотографиите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот