Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

ФОТО: Детенцето кое стана хит во големиот пресврт на Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“

Во натпревар со неверојатна завршница, Манчестер јунајтед вчера успеа да слави победа од 5-4 над Лион по продолженија и така да се пласира во полуфиналето од Лигата на Европа.

Избраниците на Рубен Аморим по првото полувреме имаа водство од 2-0, но потоа Лион дојде до 2-2, а во продолженијата постигна и уште два гола за водство од 2-4 се до самата завршница.

„Црвените ѓаволи“ во последните моменти од натпреварот успеаа во шест минути да постигнат три гола за голем пресврт и славје. Во ваквиот развој на настаните во центарот на вниманието се најде едно детенце, фан на „црвените ѓаволи“.

Детенцето прво беше снимено во кадарот со солзи додека неговиот тим губеше со 2-4 за само неколку минути подоцна да се израдува на голем пресврт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Sun Football (@thesunfootball)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот