Брус Вилис и Деми Мур - Фото: Принтксрин/Јурјуб

ФОТО | Деми Мур се присети на интересни моменти од 13-годишниот брак со Брус Вилис: „Обожаваше да го имитира Нил Дајмонд“

Деми Мур се присети на заедничките моменти поминати со Брус Вилис и откри дека гледањето на еден филм зазема посебно место во нејзиното срце. За време на разговор со Кејт Хадсон на специјална проекција на најновиот филм „Song Sung Blue“, таа истакна дека Брус имал посебен ден во неделата посветен на Нил Дајмонд, пренесува „Дејли Мејл“.

Дајмонд во 1972 година ја претстави песната „Song Sung Blue“, која воедно беше инспирација за насловот на филмот.

„Гледањето на филмот постојано ме потсетуваше на моментите кога Брус го имитираше Нил Дајмонд. Кога ќе го прашав што се случува, ќе ми кажеше дека денот е посветен на Нил Дајмонд. Тоа го правеше со години, беше негов голем обожавател, а и јас исто така“, изјави Мур.

Деми Мур и Брус Вилис во 1992 година / Фото: Bill Turnbull / Zuma Press / Profimedia

На проекцијата на филмот „Song Sung Blue“ присуствуваа и Леонардо Дикаприо, Ал Пачино, Марк Руфало и Дејвид О. Расел.

Инаку, Мур и Вилис и по разводот останаа блиски пријатели.

„Сè уште ја сакам Деми и сме многу блиски. Имаме три деца кои ќе продолжиме заедно да ги одгледуваме и веројатно сега сме блиски како и секогаш. Свесни сме дека сме посветени на нашите деца“, изјави Вилис во едно дамнешно интервју.

ФОТО | Деми Мур објави нови фотографии од Брус Вилис: Актерот херојски се бори со исклучително тешкиот противник

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот