ФОТО | Данијела Димитровска ужива во Будва: Манекенката го покажа извајаното тело во костим за капење

Данијела Димитровска (36) важи за една од најубавите Србинки, манекенка која своевремено беше заштитно лице на модните куќи „Армани“, „Луј Витон“ и „Ив Сен Лоран“.
Димитровска, која е поранешна сопруга на водителот Огњен Амиџиќ (47), моментално е актуелна во медиумите поради нејзината нова љубовна врска со фудбалерот Јеврем Косниќ (30).
Доказ дека манекенката и ден-денес мами воздишки се нејзините последни фотографии од Будва, каде летува со нејзиното ново момче. Имено, таа се соблече во костим за капење и покажа дека е во одлична форма, нешто што се должи на нејзините редовни тренинзи и здравиот начин на исхрана.
„Изгледаш неверојатно“, „Оваа жена изгледа како да има 18 години“, „Брутално“, гласат коментарите на Инстаграм.

