ФОТО | Даниел Крег буквално непрепознатлив во Венеција: Ги запрепасти сите со новиот имиџ
Холивудскиот актер Даниел Крег и неговата сопруга Рејчел Вајс пристигнаа во Венеција, во пресрет на премиерата на неговиот долгоочекуван филм „Квир“.
Препорачано
Славниот Британец беше фотографиран на аеродромот „Марко Поло“, по што се упати на филмскиот фестивал во Венеција во самиот град, а веројатно и најверните обожаватели не го препознаа.
Имено, Даниел Крег ги изненади сите со својот изглед – драстично го промени имиџот, до тој степен што на моменти е навистина непрепознатлив. Актерот ја пушти својата руса коса, испреплетена со сиви прамени, а оваа промена дефинитивно му даде сосема поинаква енергија и значително го промени неговиот изглед.

Се верува дека Крег прибегнал кон оваа промена за улогата на детективот Беноа Блан во филмот „Wake Up Dead Man: A Knives Out Myster“, третиот дел од оваа популарна франшиза.
Инаку, поранешната ѕвезда на филмовите за Џејмс Бонд пристигна во Венеција во многу лежерно издание, облечен во фармерки, бела памучна маица, сини патики, голема чанта за на рамо и очила за сонце. Неговата убава сопруга изгледаше малку поелегантно во трендовски црн фустан до колена и кожени чевли.
Даниел на Филмскиот фестивал во Венеција ќе го промовира својот нов филм „Квир“, кој премиерно ќе биде прикажан на црвениот тепих на 3 септември.


