ФОТО: Дали би ги носеле овие влечки, но овој пат со потпис на „Баленсијага“?

Instagram
Instagram

„Крокс“ можеби ги доби своите „пет минути слава“ во 2021 година, но не треба да се заборави дека тие беа воведени во светот на високата мода од креативните директори на „Баленсијага“, Демна Гвасалија и Кристофер Кејн, во 2017 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LaKeisha Rush (@fashion_sherlock)

– „Крокс“ нè инспирираше да направиме интерпретација на „Баленсијага“. Соработката на „Balenciaga x Crocs“ не е невозможна – прашањето за вкус е многу субјективна работа. За 6 месеци, ќе видиме како оди ова во нашите продавници, изјавил Гвасалија во 2017 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SENSE Scoop (@sensescoop)


– Носев „Крокс“ ова лето за да видам како се чувствувам во нив и можам да кажам дека се најудобните влечки во светот. Само сакав да им дадам модерен допир: платформа. На крајот на краиштата, модата е само забава“, истакнал тој во тоа време.


Кломпите со платформата чинат 850 долари, а притоа веднаш станаа моден хит и беа распродадени за рекодно време.

Сега тие отидоа чекор подалеку и создадоа бизарно модно парче за кое зборува целиот свет – чизми Крокс и кломпи со потпетици. Тоа е дел од новата колекција на Баленсијага, Clones Spring 2022 година, која беше прикажана на почетокот на јуни.

Откако Гучи“ го „хакна“ Баленсијагa“, брендот возврати на ист начин, заменувајќи го култното лого на „GG“ со „BB“ , а сличен потег за редизајн беше направен и со „Крокс“, на нивен ексцентричен начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот